Кога зборуваме за храна која е опасна за децата и може да предизвика гушење, многу луѓе прво помислуваат на грозје, пуканки или тврди бонбони.
Но, според медицинската сестра Ники Џаркуц, која е и мајка на три деца, една друга намирница може да биде најопасна за животот на детето.
Како што објасни Ники на својот Instagram профил Tiny Hearts Education, каде што редовно објавува совети за родителите, виршлите се на листата на високоризични намирници за бебиња и деца поради нивната структура, која буквално може да ги блокира дишните патишта и да предизвика гушење. Таа беше поттикната на оваа тема од две неодамнешни смртни случаи на мали деца предизвикани од гушење со виршли.
„Ако дизајнирате совршена затка за дишните патишта на детето, не би можеле да изберете подобра храна од виршлата. Тоа е храна со висок ризик од гушење за која не се зборува доволно. Виршлата има совршена форма и текстура за да ги блокира дишните патишта на детето“, објаснува таа во видеото.
Исто така, таа им дава совети на родителите како правилно да исечкаат виршла ако и натаму сакаат да му го послужат на своето дете ова јадење, а притоа да го намалат ризикот од гушење што е можно повеќе.
„Не сечкајте ја на кругови кога му ја послужувате на вашето дете“, советува таа.
„Тие целосно ги блокираат дишните патишта. Исечкајте ја на тенки стапчиња, па дури и да се заглават, сè уште има простор за вдишување воздух“, вели Ники.