Високи дози на Б витамини за здрав нервен систем
Б витамините се исклучително важни за одржување на нормалната функција на нервниот систем. Секој Б витамин игра одредена улога во нормалното функционирање на човечкото тело, но заедно витамините од оваа група пројавуваат синергистичко дејство и затоа е пожелно тие да се земаат заедно.
Кога станува збор за здравјето на нервниот систем, ова особено се однесува на витаминот Б1, витаминот Б6 и Б12.
За витамините Б1, Б6 и Б12 клинички е докажано дека нивната комбинација поволно влијае врз нервниот систем.
Редовното користење на комбинацијата на овие 3 витамини, како дополнување на здравата и балансирана исхрана, заедно со редовната физичка активност, води до синергистичко делување кое може да помогне во различни ситуации каде веќе се појавиле некои симптоми кои укажуваат на оштетување на нервите.
Научно е докажано дека комбинирањето на овие витамини во форма на квалитетен додаток на исхраната, може да допринесе за одржување на оптимална функција на нервниот систем, може да помогне и при состојби каде постои некое оштетување на нервите или каде што има детектирано недостаток на овие витамини.