Високи температури денеска во Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 25 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.


Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
Во наредниот период ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во петок и во сабота ќе има попладневна дестабилизација со локален дожд и грмежи, претежно во северозападните и североисточните делови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.