Има една англиска изрека која вели дека едно јаболко на ден го спречува одењето на лекар. Тука има голема вистина. Јаболкото е богато со природи влакна, витамини и минерали и задолжително треба да биде дел од секојдневниот режим на исхрана.
Црвено, зелено или жолто, свежо или во пита и слични десерти, еве зошто задолжително треба да јадете по едно јаболко на ден. Јаболкото има и до 40 отсто витамин Ц, а ги содржи и витамините А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета каротен. Содржи и минерали како калиум, калциум, фосфор и железо.
Изобилува со полифеноли – растителни соединенија кои имаат значајна антиоксидативна дејност. Општо е познато дека барем едно јаболко дневно може да придонесе за подобро општо здравје.
Јаболкото најчесто се јаде сирово, но може и да се готви, пече, суши, преработува во сокови, мармалади, џемови, а познат е и јаболковиот оцет.
Јаболкото содржи и шеќери, органски киселини, во многу мали количини и сите есенцијални и неесенцијални аминокиселини, арома и боја.
Лековити својства на јаболката
Против надуеност и расипан желудник – неколку недели три пати во неделата јадете по едно кисело јаболко, еден до два часа пред или после јадење.
Против дијареја – јадете рендани јаболка и компот од јаболка. Посебно се препорачува користењето на кисели јаболка.
За подобро варење – редовно јадење печени или готвени јаболка или компот од јаболко.
На пример, за регулација на столицата и стабилизација на цревните флори јадете по едно до две јаболка дневно.
Јаболкото може да го заштити и желудникот од оштетувања настанати поради земање на лекови, додека антиоксидансите во јаболката можат да го заштитат мозокот од стареење.
Јаболката содржат и антиоксиданси кои ги штитат белите дробови, па на тој начин помагаат во борба против астмата.