Вистините и заблудите за виното

Првото и основно правило за комбинирањето на храната и вината е – црвено вино се пие со црвени меса, бело вино се пие со риба и пилешко месо. Но, дали секогаш е баш така?

Белото вино може да се пие и со друго месо освен пилешко, но не смее да има овошен вкус. Иако се смета дека белото вино се пие студено ниту едно вино не треба да се пие ни многу ладно, но ни млако, во него треба да се зачува основната хемија. А, колку виното е поладно, молекулите во него се стиснати и аромата нема да се почувствува целосно. Потопло вино ќе биде поароматично, а идеалната температура за бело вино е 4 Целзиусови степени.

Црното вино, според многумина треба да се пие на собна температура и потоа обично имате главоболка. Тоа е затоа што не го третирате како другите алкохолни пијалоци. Значи, ќе испиете премногу вино, телото ќе дехидрира како и од друг алкохол, а тоа предизвикува главоболка. Ако сакате да се чувствувате добро, не претерувајте со алкохол и подоцна пијте вода.

Евтините вина се лоши, старите вина секогаш се подобри
Не мора секогаш да значи, понекогаш поевтините вина се поквалитетни и повкусни од скапите. Некои вина се скапи само затоа што носат име на познат бренд.
Ниту теоријата дека виното колку е постаро е и подобро не е секогаш точна. Дури 99 насто вина треба да се испијат во рок од пет години откако ќе се произведат. Сепак, вистина е дека староста на виното му дава многу егзотичен вкус и мирис.

Дали доброто вино се препознава и по тапата?
Тапите со навој се појавиле во 1950-те години, но тоа никако не значи дека вината со такви тапи се со лош квалитет, ниту се секогаш поевтини. Некои производители инсистираат на тапи со навој бидејќи не дозволуваат кислород да навлезе во шишето. Други преферираат поинакви затворачи бидејќи пропуштаат доволно воздух за оксидација на танинот.

Шампањското не треба старее
Не е вистина дека шампањското треба да се испие брзо откако ќе се купи. Неотворено шише може да стои три до четири години на температура до 4 Целзијусови степени.

Франција има подобри вина од Америка
Нема сомнеж дека Французите се вистински мајстори за вина, добри вина има и во Калифорнија. Разликата е во вкусот, па на некои повеќе им се допаѓаат француски, а американски вина.

Со бело вино се чистат дамки од црно вино
Сигурни сме дека многумина до сега ви го споделиле овој корисен совет, но верувајте дека тоа е обичен мит. Белото вино ќе ја разреди дамката од црното, но и само ќе ја обои ткаенината во побледа боја. Затоа белото вино пијте го, а дамките чистете ги на друг начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.