Вистински избор за нега на кожата во зима: Маска за лице од мед и јогурт

Поради временските фактори, дури и најздравата кожа во зима бара дополнителна заштита од надворешните влијанија.
А маската за лице за која ви требаат само две состојки, е вистинското решение.
Со малку напор, ќе му направите голема услуга на вашето лице.
Состојки:
1 лажица густ јогурт
1 лажичка мед (ако вашата кожа е многу сува, додадете уште една лажичка мед)


Подготовка:
Сите состојки добро измешајте ги со лажица. Претопете го медот во сад што го ставате во друг сад исполнет со топла вода.
Нанесете ја маската рачно на чиста и сува кожа. Оставете ја да делува на лицето 15 минути, а потоа отстранете ја со мека крпа натопена во топла вода.
Откако темелно ќе ја отстраните маската, кожата ќе блесне со природен сјај кој ќе трае со денови.
Како делува оваа маска?
Јогуртот е одличен за хидрирање, чистење и омекнување на кожата. Ги смирува иритациите и ги чисти порите. Помага при лекување на акни и егзема. Медот е природен антиоксиданс со антибактериски својства. Ја заштитува нашата кожа во зима и лето, ги отстранува нечистотиите од порите и ја храни проблематичната кожа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.