Витаминска бомба со кнедли од хелда

Иако не е житарка, хелдата во исхраната се користи на сличен начин како и житарките, но со своите нутритивни вредности ги надминува оризот, пченицата, пченката и просото. Таа има повеќе висококвалитетни протеини од сите нив, бидејќи содржи 8 есенцијални амино киселини, вклучувајќи ги и лизин и аргинин, кои се дефицитарни кај главните житни култури.
Хелдата претставува природен извор на минерали и витамини од кои: железо (помага во формирање на црвени крвни клетки и хемоглобин во крвта, и овозможува нормално снабдување на метаболизмот со енергија), цинк (помага во одржување на нормален метаболизам на јаглехидратите и репродуктивниот систем), калциум, јод, фосфор, бор, цинк, магнезиум, органски киселини и пектин, а од витамини содржи витамини од Б групата и витамин А.
Од хелдата се прави брашно од кое може да се прави се прави каша, палачинки и други видови храна како со кое било друго брашно, само што брашното од хељда има: 4 пати повеќе железо, 3 пати повеќе калциум, 9 пати повеќе магнезиум, 6 пати повеќе калиум и 2 пати повеќе цинк, бакар и манган.
Потребни состојки:
1 снопче млад кромид
2 моркова
1 корен од целер
1 зелена пиперка
1 црвена пиперка
неколку цветови карфиол и брокула
3 компира
Свеж магдонос
Бибер, сол
Кнедли од брашно од хелда
Подготовка:
Ситно исечканиот кромид пропржете го на масло и додадете ги морковите и пиперките исечени на кругови, па потоа и целерот исечен на коцки. Оставете го да се крчка на многу тивок оган.
По 5-6 минути додадете ги компирите исечени на коцки и малку вода. При крајот ставете ги цветовите карфиол и брокула. Гответе уште дваесет минути.
За кнедлите од хелда:
Ставете 2 лажици брашно од хелда и половина лажичка масло во сад со многу малку вода и замесете потврдо тесто, па формирајте многу ситни кнедлички и додадете ги во чорбата. Варете уште неколку минути додека не да омекнат кнедлите.
Додадете сол и бибер и магдонос и вашата витаминска бомба е подготвена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.