Ви вели дека ве сака, но сепак ве изневерува?

Постои голема разлика во причините поради кои жените или мажите изневеруваат. Жените воглавно изневеруваат за да му се одмаздат на партнерот со тоа што и тие ќе го изневерат, а мажите изневеруваат од повеќе причини.


1. Бара пријателство
Некои жени почнуваат константно да им негодуваат на мажите, после некое време поминато во брак. Тогаш мажите почнуваат да бараат женско друштво, кое нема да ги осудува и кое ќе разбере низ што поминуваат. Тие сакаат жена која ќе ги прифати онакви какви што се.
2. Сака да си игра
Мажите понекогаш знаат да бидат детинести и не сакаат секогаш да ја прифатат одговорноста, која бракот ја бара. Можеби копнеат по времето кога не биле во сериозна врска и бараат жена која повторно ќе се однесува спонтано со нив.


3. Сака независна жена
Повеќето мажи сакаат жени кои умеат да се грижат сами за себе. Мажот не сака кога жената после одредено време ќе стане зависна од него.
4. Сака жена која е среќна
Ако тој почувствува дека повеќе не ве прави среќна, тогаш ќе побара некоја друга која ќе знае да ја усреќи. Тие сакаат партнерка која е задоволна во врската.
5. Бара нешто што вие го немате
Да, ова е ниско, но вистинито. Ако сте престанале да водите сметка за себе, откако сте се венчале, тој можеби ќе побара поатрактивна жена.
6. Ги презира солзите


Повеќето мажи не знаат како да изреагираат на солзи. Во такви ситуаци, тие не знаат што да направат или да кажат и полесно им е да пронајдат некоја друга, отколку да се соочуваат со проблемите во својот брак

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.