Ви недостига McDonald’s? Имаме рецепт за совршен Big Mac

Со оглед на тоа што глобалниот синџир за брза храна McDonald’s престана да работи во Македонија пред повеќе од 10 години, многу фанови сега уживаат во оваа храна најмногу кога ги посетуваат другите земји.
Сепак, нивниот најпознат хамбургер можете сами да го подготвите со малку волја и труд.

Се започна со Facebook групата „Homemade McDonald’s“ од Мелбурн, Австралија, чии членови најпрво почнале да пронаоѓаат идеални рецепти користејќи состојки купени во продавница, пишува Daily Mail.

Во групата, многумина тврдат дека успеале да ги повторат некои од најпопуларните јадења од McDonald’s како што се популарниот сладолед Chicken Nugget, Big Mac Dip, McMuffin, McFlurry и Big Mac.
Еден од членовите на групата, по име Даниел, објавил рецепт за имитација на Big Mac за кој тврди дека е идентичен со оној во светски познатиот фаст фуд ресторан.

Состојки:
Готови лепчиња за хамбургери (производител по желба)
600 гр ситно мелено говедско месо
главица ајсберг зелена салата, ситно сечкана
ситно сечкан мал кафеав кромид
200 гр американски црвен чедар
ситно сечкани кисели краставички

Состојки за сосот:
1 чаша (300 g) мајонез,
1 супена лажица ситно сечкани кисели краставички
1 и 1/2 лажички лук во прав
1 и 1/2 лажички црвен кромид во прав
2 супени лажици алкохолен оцет
прстофат бел бибер
2 супени лажици класичен сенф,
1/2 лажица благ црвен пипер

Подготовка:
Исечете го чедарот на машина за сечење
Лесно потпечете ги лепчињата
Зачинете го месото со бибер и сол пред да го печете
Плескавиците ќе се намалат за 10 до 20 проценти за време на печењето на скара, во зависност од количината на маснотии
Свртете го месото кога рабовите ќе почнат да стануваат кафеави

Составување на бургерот:
На долното лепче ставете 1 лажица сос
1/2 лажица сечкан кромид
Ајсберг салата (доволно да го покрие сосот)
Лист чедар
Плескавица
Врз лепчето ставете 1 лажица сос
1/2 лажица кромид
Марула (доволно да ги покрие сосот и кромидот)
Кисели краставички (по избор)
Плескавица
Горното лепче со сусам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.