Ви требаат две состојки: Направете едноставен лек против кашлица, можат да го пијат и децата

Во есенскиот и зимскиот период од кашлицата, грипот и настинките никој не е поштеден.
Наместо бројните сирупи и пастили од аптека, ви го препорачуваме овој едноставен домашен лек против кашлање, без нуспојави, кој е идеален и за најмладите членови на семејството.
Потребни состојки:
-Мед
-Црна ротквица
Подготовка:
1. Издлабете ја внатрешноста на црната ротквица така што од неа ќе направите чаша.
2. Издлабениот дел наполнете го со мед (водете сметка дека и ротквицата ќе пушти сок, па затоа не ја полнете со мед до самиот врв).
3. Ставете ја ротквицата во доволно широка чинија која ќе служи како држач.
4. Оставете ја да отстои преку ноќ на собна температура.
5. Добиениот сируп наутро ставете го во сад со капаче.
Бидејќи медот збогатен со соковите од ротквицата нема нуспојави, можете да го консумирате по желба, на секој час, по „нападот“ на кашлицата и нормално пред спиење за да го смирите грлото.
Овој сируп е погоден и за децата на најмала возраст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.