Направете вечера со јајца и леб.
СОСТОЈКИ:
4-5 кришки леб
4-5 јајца
маргарин, сол и бибер
150 гр. кашкавал
ПОДГОТОВКА:
Се мачка плех со маргарин.
Се премачкува секоја кришка леб со маргарин од едната страна, се редат една до друга на плех.
Се ренда кашкавал.
Се прави дупка со прстите на средина и на секоја кришка се крши јајце.
Се става сол и бибер и се печат на загреана рерна на 180 степени 15 минути.