Вкусен ручек за 20 минути

Ако викендов повеќе ви се шета отколку што ви се седи дома, ние имаме супер предлог за брз ручек, кој совршено ќе се вклопи во вашата агенда.
Се работи за таканаречени „Протеински палачинки“, а рецептот следи во продолжение:
Состојки (за 4 лица): 4 големи тортиљи од интегрално или пченкарно брашно; 200 грама розова зелка; 1 морков; 1 мала конзерва грав од 400 мл; 1 зрел авокадо; 50 гр. рендано сирење по желба; 2 лажици јаболков оцет; 1 лажица маслиново масло; 1 лук (по желба); 1 мала чили пиперка (исто така по желба); сол и бибер по желба


Подготовка:
-Зелката и морковот изрендајте ги. Зачинете ги со јаболков оцет, маслиново масло, сол и бибер. Добро промешајте. Ако сакате луто, тогаш во зеленчукот додадете и свежи чили пиперки.
-Во друг сад испасирајте го варениот грав и авокадото. Во таа смеса додадете сирење и лук по желба.
-Смесата со грав и авокадо намачкајте ја по цела површина на тортиљата. Па додадете го зеленчукот и така во сите четири тортиљи.
-Завиткајте ги како палачинки. Исечкајте ги на половина и послужете. Можете да додадете и некој сос по желба.
-Можете да ги менувате состојките, па на пример можете да ставите туна од конзерва,мајонез и пченка, со свежа краставица или зелена салата. Ако имате остатоци од пилешко, искомбинирајте ги со хумус и сусам и некој вид варен или свеж зеленчук. Нема ограничувања. А ручекот е готов за дваесетина минути, здрав и вкусен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.