Предлог што брзо да зготвите за вкусен ручек.
Потребни состојки:
400 г шпагети
4 чешниња лук
Магдонос
2 лажици буковец
6 лажици маслиново масло
Сол
Пармезан
Начин на подготовка:
Исечкајте ги лукот и магдоносот. Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето.
Додека се варат тестенините, во длабок сад загрејте маслиново масло. Додајте лук, буковец и пропржете. Откако лукот ќе се карамелизира, а шпагететите ќе се сварат, земете една шолја вода и додајте ја во тавата со лук и промешајте.
Исцедете ги шпагетите и ставете ги во тавчето. Исечкајте магдонос и пармезан, промешајте и послужете.