Некогаш сакаме едноставна и вкусна кајгана, како што ни приготвуваа нашите баби. Но, тие имаа своја тајна.
Подготовката на убава кајгана бара малку повеќе вештини од едноставното матење и пржење на јајцата. Ова се неколку правила од нашите баби.
1. Користете тавче со дно против лепење. Сјајната површина е клучна за да можат јајцата лесно да се движат низ тавчето.
2. Користете свежи јајца.
3. Јајцата прво искршете ги во друг сад, не ги мешајте во самото тавче.
4. Помешајте ги со малку млеко или павлака, за да бидат фини или кремасти.
5. За подобар вкус користете путер, не масло.
5. Користете силиконска или дрвена лопатка за мешање.
6. Јајцата пржете ги на лесен оган за да не се препржат.
7. Постојано мешајте за вкусот да биде подобар.
8. Јајцата извадете ги од тавчето пред да бидат целосно готови, а потоа продолжете да мешате.
9. Додајте сол пред сервирањето.