Сакате да испробате нов рецепт со кој ќе ја истакнете вашата креативност? Одлучете се за овие прекрасни корпички од шпагети кои со својот вкус и изглед ќе ги воодушеват вашите гости.
Доколку сте љубител на италијанската кујна, сигурни сме дека ќе ви се допаднат овие превкусни корпички.
Потребни состојки:
• 200 гр. шпагети
• една и пол лажичка маслиново масло
• една и пол шолја изрендан пармезан
• една и пол шолја сос од домати
• 12 кофтиња
Начин на припрема:
1. Во тенџере за готвење, ставете вода, додадете сол и оставете да зоврие. Потоа, додадете ги шпагетите и гответе околу 7 минути. По варењето исцедете ги и оставете да се изладат.
2. Откако шпагетите ќе се изладат, додадете го маслиновото масло и ставете ги во фрижидер околу 15 минути.
3. Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови и намастете го калапот за мафини.
4. Во садот со шпагетите додадете го пармезанот и вака приготвени ставете ги во калапите за мафини, оставајќи простор во средината за ќофтињата.
5. Во секое од калапите додадете една лажичка сос од домати, едно ќофте и на крајот уште една лажичка сос од домати, а потоа наросете со пармезан.
6. Печете во претходно загреана рерна сè додека не се запечат – отприлика од 20 до 25 минути. Корпичките од шпагети послужете ги изладени на собна температура.
Погледнете го видеото: