Вкусна и неодолива пица, која и во домашни услови се подготвува едноставно и брзо.
Потребни состојки за подготовка на тестото за пица: 3 чаши брашно; 1/2 сув квасец; 1/2 чаша млака вода; 1 лажица сол.
Потребни состојкки за подготовка на пицата: доматен сос или кечап; кашкавал; шунка; кулен; печурки (свежи или маринирани); оригано и други зачини (по желба); сланина (по желба); путер или маргарин.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Најпрво подгответе го тестото за пица и завиткајте го во пластична фолија. Оставете го да постои во фрижидер неколку часа, а може да остане и цела ноќ. Пред употреба уште еднаш замесете го тестото и истурете врз него малку брашно. Поставете го во плехот во кој ќе ја печете пицата.
Врз тестото нанесете еден слој од доматното пире, рамномерно распореден на целата површина. Краевите намачкајте ги со малку путер или маргарин. Додадете изрендан или тенки парчиња од кашкавалот, а врз него распоредете ги парчињата шунка и кулен. По желба додадете и сланина. На крајот одозгора додадете ги свежите или маринирани тенко исечени печурки. Нанесете оригано и други зачини по желба.
Се пече во силно загреана рерна околу 20 минути. На здравје!