Доколку сте љубители на брзи и лесни оброци, сигурно ќе ве воодушеви рецептот за вкусни медаљони кои се богати со сирење и кашкавал. Исклучително лесно се подготвуваат, а се печат во рерна, па се поздрава опција бидејќи нема да впијат масло како при пржењето во тава. Послужете ги со јогурт и ќе имате вкусен појадок.
Потребни состојки:
400 gr урда
150 gr кашкавал
100 gr брашно
2 јајца
2 чешниња лук
сол
бибер
Подготовка:
Кашкавалот се ренда на крупниот дел на рендето, па се додаваат урдата и цели јајца. Лукот ситно исечкајте го и заедно со зачините ставете го во садот. Измешајте сè додека не добиете хомогена смеса од која со раце ќе формирате плескавици. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, па печете ги во загреана рерна на 180°C околу 20 минути.