Уште едно вкусно старо македонско јадење кое се подготвува со јагнешко или јунешко месо. Покрај месото и кромидот неизоставни се доматите, белото вино и зачини…
Потребно е:
1 кг јагнешко или јунешко месо
2 главици кромид
80 мл масло
1 лажица мелен сув зачин
сол, бибер
250 г домати
1 лута пиперка
3 млади кромидчиња
300 мл бело вино
Подготовка:
– Месото исечете го на коцки, а кромидот ситно исецкајте го. Пропржете ги малку на загреано масло.
– Кога месото малку ќе омекне додадете ги доматите исецкани на коцкички и ситно сецканата лута пиперка. Динстајте на средна тепература додека месото сосема не омекне.
– Додадете го сецканиот млад кромид, виното и водата и уште малку варете го јадењето.
Идеја: По желба македонското грне послужете го со јуфки или њоки како гарнир.