Владата го прифати францускиот предлог, за 3 дена се отвора дијалогот со ЕУ

Димитар Ковачевски по денешната седница на Владата инофрмираше дека биле усвоени заклучоците од Собранието и дека се донела одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство од 30 јуни со кој треба да се откочат македонските интеграции.

Во однос на агресивното однесување на Мицковски:

„Тие таму не претставуваат политичка партија или пак претседател на политичка партија кој што им бара нотарски изјави и мафта со нив по прес-конференции. Тие таму ги претставуваат граѓаните кои што ги избрале. Во однос на уставните измени ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни што има против внесувањето во Уставот на граѓаните на РСМ кои што јасно се самоопределиле како Црногорци, како Хрвати, како Бугари“, рече тој.

„Со оваа одлука го започнуваме процесот на пристапни преговори на С. Македонија со ЕУ. Со оваа владина седница заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја“, рече Ковачевски.

Тој порача дека благодарение на тоа сега државата има преговарачка рамка во која се заштитени македонскиот јазик и идентитет, а историските прашања се надвор од истата. Ковачевски додаде дека првата меѓувладина конференција на С.Македонија и ЕУ ќе се одржи на 19 јули во Брисел.

Пронајдете не на следниве мрежи: