Владата на денешната седница донела одлука да донираме хеликоптери на Министерството за одбрана на Украина и утврдила текст на Протокол за таа намена.
Владината прес-служба вечерва соопшти дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина и донела Одлука за донација на воздухоплови (хеликоптери) на МО на Украина.
-Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Украина, стои во соопштението.
Како што најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми, Владата, на денешната седница, ја разгледала и усвоила и Информацијата за потребата од линеарно зголемување на платите на работниците во Министерството за внатрешни работи, на предлог на ова Министерство.
Согласно заклучокот, Министерството за внатрешни работи ќе изврши линеарно зголемување на платите на вработените во Министерството во износ од 3086,00 денари по работник, во бруто износ, што ќе отпочне да се исплаќа со платата за март 2023 година, информираат од Владата во дополнение за одлуките од денешната седница.
Пронајдете не на следниве мрежи: