Владата изгласа, наредните три дена ќе бидат „Викенд без ДДВ“

Во најавениот „Викенд без ДДВ“ кој ќе се случува на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30 илјади денари, како и комјутери и ИТ опрема.
Тоа значи дека за обувките, облеката, храната, лековите, мебелот што се произведени во Македонија ќе се врати целиот данок. ДДВ ќе се враќа дури и за онаа храна која е произведна во странство, но добила додадена вредност со тоа што е пакувана во земјата, како на пример смрзнатите риби, морски плодови, пршута. Во најголем дел храната има повластена стапка на ДДВ од 5%.
Повратот ќе важи и за компјутерите кои се продаваат до 30 илјади денари, но не и за таблетите кои имаат сим картичка. Доколку компјутерот чини 30 100 денари, сметката нема да ви важи за овој продолжен викенд. И ИТ опремата има данок од 5%.

Целиот данок ќе се враќа и за сметките во кафеаните и фризерските салони што ќе бидат издадени во следните три дена.
Како ќе оди целиот поврат? Според Законот граѓаните ќе ја платат целата сметка, а потоа преку апликацијата Мој ДДВ ќе ги бараат парите назад. Скратен е рокот за скенирање на овие сметки. Наместо за десет дена, тие треба да бидат скенирани преку апликацијата најдоцна за три дена од издавањето. А враќањето на данокот ќе се врши на трансакциска сметка на граѓаните до крајот на октомври, односно 15 дена од денот на издадената фискална.
Законот за поврат на ДДВ во Собранието беше изгласан со 71 глас. Против не беше никој, но имаше 9 пратеници воздржани. И денеска оваа мерка предизвика дилеми.
Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четврт сет на владините антикризни мерки. Власта очекува граѓаните во следните три дена да потрошат 170 милиони евра, а проекциите одат и до 250 милиони евра. За ваквиот фантастичен промет, се очекува да бидат вратени 17 милиони евра. Според проектираната мерка, Владата се надева дека овој продолжен викенд на шопинг ќе отидат од 350 илјади, до половина милион евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.