четврток, 12 ноември 2026
Најново

Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, велат од СДСМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

„Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, освен што ги излажа пензионерите сега се обидува вината да ја префрли на некој друг. Ако власта на ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле, се невадува во соопштението од СДСМ.

„Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите? Факт е дека методологијата за усогласување на пензиите ќе донесеше повеќе пари кај пензионерите а немаше да го доведе под прашање одржливоста на Фондот каде дупката е над 1 милијарда евра. Дополнително, ДПМНЕ исклучи 12.000 пензионери од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување“ велат од СДСМ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од партијата посочуваат „Во меѓувреме има Одлука на Комисијата за заштита од дискриминација, која потврдува дека е сторена дискриминација и даваат рок за да направат измени на Законот кој се уште не е поднесен. Веќе има и судски тужби кои ќе ја чинат државата многу“.

„Со катастрофално лошите политики на ДПМНЕ дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милијарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец пензиите. Ова е реалноста, а се друго е спин од страна на власта“ е ставот на опозициската партија.