Владата пресече: Следува забрана за организирање на настани и прослави во затворен простор – еве од кога ќе важи оваа мерка

Владата донесе одлука за целосна забрана за работа и организација на настани на затворено во сите угостителски објекти. Оваа мерка ќе стапи на сила од 16. август.
-Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип-велат од Владата.
Угостителските објекти регистрирани за прослави до 15 август ќе смеат да организираат настани во затворен простор, но со почитување на мерките и со 40% од капацитетот, а потоа прослави и настани ќе се организираат само на отворено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.