Владата со маркетите во борба против инфлацијата: Целта е цените на основните производи да останат стабилни

Владата продолжува со активностите за стабилизирање на цените и заштита на животниот стандард на граѓаните.

Во текот на вчерашниот ден беше одржана работна средба со претставници на најголемите трговски синџири во државата, на која главна тема беа инфлацијата и движењето на цените на основните прехранбени производи.

На средбата се разговараше за можностите преку заедничка соработка да се спречи нов ценовен раст и да се обезбеди поголема предвидливост на пазарот во наредниот период.

Од Владата информираат дека во следните недели ќе се одржат средби и со добавувачите и производителите, со цел сите засегнати страни координирано да придонесат годишната инфлација и цените на основните прехранбени производи во текот на јули да останат под нивото од 3 проценти.

„Владата останува посветена на креирање и спроведување мерки што ќе го заштитат животниот стандард на граѓаните и ќе обезбедат поголема економска сигурност“, порачуваат од Владата.

Надлежните очекуваат дека преку конструктивен дијалог со трговците, производителите и добавувачите ќе се создадат услови за одржување на ценовната стабилност и намалување на притисокот врз домашните буџети.
The post Владата со маркетите во борба против инфлацијата: Целта е цените на основните производи да останат стабилни appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: