Владимир Јачев: Овие протести не се за никакви македонски национални интереси…

Овие протести се маска на македонизам која демонстрантите си ја имаат себеси навлечено како заштита од нивните злодела, предавства, подведување под туѓ предзнак (кои, секако, се казниви) што му ги имаат нанесено на македонизмот.

Владимир Јачев: Овие протести не се за никакви македонски национални интереси…

Јас тврдам (иако не можам да бидам сигурен), дека 90 % од овие пурјаци што сега застанале “на браникот на Македонија”, имаат бугарски пасош.

Тоа значи дека тие, еден ден, застанале пред бугарските власти и рекле: “Да, татко ми е Бугарин, дедо ми беше Бугарин, цела рода ми е бугарска”, мислејќи дека во еден момент силите на злото ќе ја надвасаат Македонија и тие, со тие пасоши ќе станат валидни и полноправи граѓани на “миличката им с’сетка”.

Прво тоа го планираа со Србите. Па не им успеа. Па потоа онаа “српско-грчка” оска од времето на крај на минатиот и почетокот на овој век. Па и тоа не им успеа…

Во меѓувреме спорот стана изразито грчко-македонски.

Па тргнаа по македонските села во егејскиот дел, да праматарат меѓу населението како тие се наследниците од Александар, а овие во Вардарска Македонија, се некои словенски изроди (мамицата одвратна, вие не сте свесни каков ќотек – па за тоа ќе попиете) и така ги избија сите индиции за Александар како Словен (името Александар воопшто не пресудно во овој случај. Во тоа време грчкото писмо важело. Целиот подвиг на Александар е опишан од Грци, со грчко писмо. Александар е називот со кој Грците го внесле во историјата. Толку е објаснувањето околу тој лик).

Да поминеше тогаш таа теза (теза, која by the way, и сега е во оптек), спорот со Бугарија сега немаше да постои.

Па се свртеа кон Бугарите. Земаа пасоши и гледаа да ја растурат државата.

А цело време дури се одвива ова, потајно се именуваат со албанскиот збор за брат.

Но во јавноста се најголеми Македонци, а сите одвратности што И ги имаат направено на Македонија, ги претставуваат како за нејзино добро да ги прават.

Со пеење на химна, со колнење дека македонско име нема да загине, итн, итн…

Копилиња одвратни…

ПА кај ќе бегате, бе, мамицата ваша пурјачка…

А и ова… Со ова што сега го прават, исто се надеваат дека ќе ја уништат државата и на тој начин ќе се аминуваат.

Како викаат во правото кое е поврзано со случаи на убиства? Нема тело – нема случај! На копилињата најмногу им одговара да ја нема Македонија.

Тоа е предавството. Тоа е она што сакаат да го избегнат со овие душебрижничења за Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.