Пејачот Владо Георгиев изгледа сериозен во уверувањето дека Земјата е рамна плоча. Тој на социјалната мрежа Х објави фотографија од морето за која вели дека ја зумирал 48 пати.
„Колку е заоблено, баш колку што е тркалезна, и тоа преку 48x зум“, напиша пејачот. Коментарите под објавата се урнебесни.
Дека Георгиев не се шегува, потврди и во една прилика при гостување во медиумите кога праша зошто авионите од Јапонија не летаат до Њујорк преку Тихиот Океан.