Власта пред одлука дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена

Оваа недела се очекува да биде донесена и одлука дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена. Препораката ја донесе Комисијата за заразни болести, а според најавите, се очекува таа денеска да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а во вторник да биде на владина седница.
20 починати и илјада 424 заразени од ковид се пријавени изминатото деноноќие. 15 луѓе починаа изминатите 24 часа, а петмина се пријавени преку системот мој термин…новите случаи се откриени преку пет илјади 604 тестирања. од вкупниот број на позитивни, регистрирани се двесте и 14 реинфекции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.