На само една седмица пред закажаниот Референдум на 30 септември, ако денес прошетавте низ центарот на градот, ќе имавте прилика за ги забележите луѓето кои ја чистат “Порта Македонија“. 
Да, да станува збор за истата Порта на која во време на “Шарената револуција“ со црвена боја беше испишано “Бојкотирам“. Беше предвидена и за отстранување од Плоштадот, таква измачана и во спектар од други бои. 
Е, сега се други времиња, сега не сме за бојкотирање, туку треба да бидеме ЗА, па излеговме да исчистиме тоа што самите си го извалкавме. За да не личи на Референдумот, на кој треба да излеземе во што е можно поголем број.
Пронајдете не на следниве мрежи:



