ВЛЕН денеска го отвори изборниот штаб во Брвеница, во рамки на подготовките за предвремените локални избори на 18 октомври.
„Со Јакуп Хусеини како кандидат за градоначалник на Општина Брвеница и Амир Муслиу како шеф на изборниот штаб, започнуваме нов пат, со енергија, организација и посветеност кон граѓаните“, велат од ВЛЕН.
На отворањето на штабот присуствуваа копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, потпретседателката Мимоза Муса, шефот на Централниот изборен штаб Аднан Азизи, пратеници, градоначалници, активисти, како и бројни граѓани и поддржувачи на ВЛЕН.
The post ВЛЕН: Брвеница е подготвена за победа! appeared first on Во Центар.



