четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВЛЕН: Уплавот ги принуди ДУИ да го бранат Артан Груби

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ВЛЕН истакнаа дека ДУИ го брани Артан Групи, поранешниот вицепремиер.

,,Од пусти страв да не отвори уста Артан Груби, во ДУИ одлучиле да го бранат. Заборавија дека Бујар Османи во кампањата за Чаир се огради и извинуваше за неговото поведение. Арно ама уплавот го поматува разумот. ДУИ нема кредибилитет да зборува за игри на среќа. Во нивно време и со нивни дилови во Македонија беа пренесени коцкарските бизниси од српското подземје. ВЛЕН не ги заборава ветувањата. Сите незаконски договори на Прпарим и Артан за лиценци за онлајн коцкање се укинати. Работиме на нов Закон за игри на среќа со кои бројот на објекти во разумен рок ќе се намали за половина. Ние работиме на системски решенија и за разлика од ДУИ не стануваме ортаци во коцкарската индустрија.” – се вели во соопштението на ВЛЕН.

Поврзани вести