ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на опозицијата за прифаќање имигранти во Македонија.
Владејачката партија објави парламентарна резолуција со која се осудуваат дезинформациите, се откажуваат претходните договори за мигрантските кампови и се воспоставуваат јасни политики против нелегалната миграција.
„Резолуцијата се состои од 9 точки и ги осудува дезинформациите за наводно прифаќање на мигранти и изградба на кампови, потврдува дека такви политики не постојат и нема да постојат, ги поништува сите претходни договори на владата на Заев во врска со мигрантските кампови и повикува на одговорен и јасен дискурс, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Тие објаснија дека Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното усвојување.
The post ВМРО:ДПМНЕ: Претходните договори за прифаќање на имигранти ќе бидат откажани appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



