
-Не отпочнување на преговори во јуни е можно поради не спроведувањето на реформите од страна на власта, која потроши две години од животот на граѓаните без да спроведе ниту еден чекор за подобрување на стандардот. Реформите кои се потребни за влез во ЕУ се одвиваат со бавно темпо, а не како очекуваното. Ова го коментираат експертите и професорите од Правниот факултет во Скопје. Немањето на реформи и неспособноста на власта се факт, кој го потврдуваат и експертите, стои во соопштението и се додава:
– Власта ја партизираше јавната администрација, која ја засили и со бран на непотизам, додека судството целосно го политизираше. Така не се оди во ЕУ, а уште помалку се постигнува фер општество за сите. Граѓаните немаат повеќе време за губење да чекаат СДСМ да си игра влада. Власта е неспособна и треба да си замине“.
Пронајдете не на следниве мрежи: