ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб и на граѓаните и на САД, СДСМ ја поздравува одлуката на претседателот Бајден

Изјава за медиуми, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски денеска повторно го покажа своето антизападно и антидржавно лице.

Се редат изјави на функционери од ВМРО-ДПМНЕ дека и понатаму оваа партија е против Договорот од Преспа.

ВМРО-ДПМНЕ е против државните интереси, против членството во НАТО и ЕУ, против нашите стратешки партнери!

За нив не се важни интеграциите на татковината ниту нејзината иднина, ти е се само за блокади.

За Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се важни ниту односите со нашиот стратешки партнер и докажан пријател САД.

Стануваат изолирани и неважни.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, им врти грб на граѓаните, на нашиот најважен стратешки сојузник, САД.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е на страна на државата, на страна на напредокот, на страна на граѓаните.

СДСМ ја поздравува последната одлука на претседателот на САД, Џо Бајден.

Со оваа одлука се проширува опфатот на санкциите и врз оние лица или ентитети што ги загрозуваат Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор.

Рамковниот договор и Преспанскиот договор се дел од нашите државни и национални интереси и тие се поклопуваат со интересите на нашите пријатели и стратешки партнери, САД.

Овие два договори се гарант за стабилноста пример за стабилизација и напредок на нашата држава и целиот регион, а еден од најсилните гарантори за договорите е нашиот стратешки сојузник САД.

Додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади и работи на штета на државните и националните интереси, СДСМ продолжува со храбри визионерски чекори и презема политики што носат напредок развој и интеграција

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.