Ќе се преземат крајни и несакани мерки против луѓето кои протестираат во Кочани, се заканија од ВМРО-ДПМНЕ Виница во објава на Фејсбук.
– Локалните власти се во постојана комуникација со претставници од Министертвото за животна средина и се очекува овие денови претставници на истото да остварат средба со претставници на граѓаните на Кочани кои сеуште го блокираат пристапот до депонијата кај с.Бели.
Доколку разговорите не вродат со плод за жал ќе се превземат крајните и најнесакани мерки да се отстрани блокадата за да може комуналниот отпад непречено да се собира од домаќинствата во општините Виница, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. – стои во објавата на Фејсбук.







