Внимавајте за Велигден: Еве колкав им е рокот на вапцаните јајца

Варените јајца кои се вапцаат за Велигден, всушност имаат многу краток рок на траење, многу помал од свежите јајца.
Со процесот на варењето на јајцата, се трга нивниот заштитниот надворешен слој, па така самото јајце е по не отпорно на воздухот кој продира, како и бактерии, па може да дојде до труење со јајцата.
Тврдо вареното јајце може да остане свежо до 5 дена, се чува во ладилник и главен показател дека е расипано е мирисот.
Ако зебележите дека варените јајца имаат непријатен мирис, кој потсетува на сулфур, веднаш фрлете ги.
Ако јајцата се на собна температура, рокот им е 2-3 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.