Секој 4 човек јаде повеќе од 50 грама преработено месо дневно, а 6 од 10 не знаат дека тоа го зголемува ризикот од рак на дебелото црево.
На секои 50 грама преработено месо што луѓето го јадат, кога го консумираат секојдневно, тие имаат 16% поголеми шанси да развијат рак на дебелото црево, во споредба со оние кои не го консумираат“, пишувале „Мирор“.
Глобалните истражувања покажале и дека секој 10-ти случај на рак на дебелото црево кај жените и 14,5% кај мажите бил поврзан со редовно консумирање на преработено месо, како што е сланината, колбаси, шунка итн. Сепак, истражувањето на 2000 возрасни лица покажало дека повеќе од ¼ (27%), не биле загрижени за влијанието на преработеното месо врз нивното здравје, или за зголемениот ризик од рак на дебелото црево. Преработеното месо се дефинирало како секое месо кое се конзервира со пушење, сушење, солење или додавање хемиски конзерванси.
Одредени хемикалии додадени во месото за да се сочува, како што се нитратите, реагираат со телото кога се јадат – и токму оваа реакција, меѓу другото, придонесува за зголемен ризик од рак на дебелото црево. Исто така, се покажало дека 4 0д 5 испитаници биле луѓе кои во просек јаделе по 40 грама преработено месо на ден, а четвртина јаделе повеќе од 50 грама дневно.
Истражувањето било направено поради Неделата за превенција од рак на Светскиот фонд за истражување на ракот, а оваа година имале за цел да ја истакнат врската помеѓу преработеното месо и ракот на дебелото црево.