Сирењето е здрав и омилен производ кој се консумира речиси секојдневно, а особено е корисен во текот на зимата.
Сепак, малкумина знаат дека сирењето има и негативни страни.
Рускиот нутриционист Андреј Бобровски открива што ќе се случи со вашето тело доколку секојдневно јадете сирење.
„Постојат различни видови сирења кои содржат многу масти и не е пожелно да ги јадете секој ден“, вели Андреј Бобровски, професор на медицинскиот факултет во Санкт Петербург.
„Консумирање на премногу сирење може да доведе до развој на атеросклероза (болест на затнати артерии), хипертензија и други кардиоваскуларни болести, како и уролитијаза (појава на камен во шуплините на уролошките органи)“, објаснил докторот.
„Сирењето не е производ за секојдневно консумирање затоа што има доволно калории, а освен тоа содржи и лоши масти и лош холестерол“, изјавил докторот.
„Составот на многу од видовите сирења вклучува голема количина сол која исто така претставува закана за телото“, додал докторот.
Доколку личноста не е подготвена да го исклучи овој производ од секојдневната исхрана, треба да ја ограничи неговата употреба до одредена граница.
„Во умерени количини, сирењето е корисно и го јакне имунитетот. Тоа е млечен производ богат со комплетни протеини и аминокиселини. Придонесува на добро функционирање на цел организам, а покрај тоа сирењето е извор на калциум, витамин Д, витамин Б. Истовремено, витаминот Б12 кој се наоѓа во производот го прави особено корисен во текот на зимата“, изјавил нутриционистот.
„Сирењето е извор на витамини од групата Б, особено на Б12, а ова е некој вид на хормон на задоволство, хормон на среќа – серотонин. Во текот на зимата кога ноќите се долги, а денот е пократок во јануари и февруари, витаминот Б12 се нормализира. Делува како средство за превенција на депресија која е поврзана со недостатокот на сончеви денови“, изјавил д-р Бобровски.