Внимателно со ЦРЕШИТЕ И ВИШНИТЕ: Ова овошје е здраво, но ако се јаде на овој начин, може да биде ОПАСНО!

Доколку сте љубители на ова овошје, добрата вест за вас е што можете да уживате во него бидејќи и вишните и црешите се многу добри за крв и детоксикација. Сепак, мора да земете во предвид една работа кога ги јадете.
Имено, не се препорачува голтање или џвакање на коската бидејќи може да го загрози вашето здравје.


Семките од цреши содржат цијаногени гликозиди. Нашето тело може да апсорбира мали количини на цијаногени соединенија, но ако претерате, може сериозно да го загрозите вашето здравје.
Многу поопасно од голтањето коска е гризењето, бидејќи на тој начин оваа соединение директно се ослободува и може да доведе до труење.
Симптомите вклучуваат главоболка, вртоглавица, нервоза и повраќање. Може да се јават и проблеми со дишењето, висок крвен притисок и забрзано чукање на срцето.
Уште една работа е исклучително важна, а тоа е дека треба да ја земете предвид количината.
На страницата „Medical Daily“ се наведува дека идеалната доза би била чаша цреши дневно, додека поголеми количини може да предизвикаат дигестивни проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.