Од скопското обвинителство информираат дека 28-годишен скопјанец е осомничен за убиство на својата баба. Тој е осомничен дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
-На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил.
- Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилствоСтрушката полиција приведе две лица од Струга по претходни пријави за семејно- прочитај повеќе
- Мемеди: Зголемен бројот на деца со респираторни инфекции на Детската клиникаДиректорот на Детската клиника Реџеп Мемеди информира дека во нивната клиника е- прочитај повеќе
- Анѓушев: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производствотоВо новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на- прочитај повеќе
- Фокус на културниот туризам, развој на креативните индустрии и одлуката за снимање филм за Тоше оставија белег на културната сценаСпојување на културата со туризмот и мапирање на креативните индустрии, ја одбележаа- прочитај повеќе
- Новиот Кривичен законик чека мислење од ЕК, се работи и на неколку други законски решенијаНовиот Кривичен законик е завршен и чека мислење од Европската комисија по- прочитај повеќе
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, векат од Обвинителството.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.