Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитувањата направени на 187 примероци земени од 43 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 11-ти до 15 март 2024 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Пронајдете не на следниве мрежи: