Водата во Скопје е безбедна и ги исполнува сите пропишани стандарди за квалитет, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“.
Во периодот од 10 до 14 август биле земени по 211 примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа од вкупно 45 мерни места низ главниот град.
Според резултатите, сите испитани примероци одговараат на законски пропишаните барања за безбедност и квалитет.
Од претпријатието соопштуваат дека контролите се спроведени од Секторот за санитарна контрола.



