Водителка се онесвести во програма во живо (видео)

Водителите на CBS News во KCAL во Лос Анџелес останаа шокирани откако нивната колешка – синоптичар се онесвести на сред емисија.

Водителка се онесвести во програма во живо (видео)

Познатите ТВ-личности ги читаа утринските вести, а кога дојде на ред да ја прочитаат прогнозата и кога камерата го префрлила фокусот на Алиса Карлсон Шварц, таа одеднаш се потпре на масата, се онесвести и падна на подот.

Водителите на вестите не знаеја што да прават.

– „Ох“, гласно извика Рејчел Ким, а нејзината колешка Никол Медина рече дека ќе мора да направат кратка пауза.

Алиса со брза реакција била префрлена во болница и таму се опоравува. Шварцова подоцна изјави дека е добро и дека нема за што да се грижи.

-„Ќе бидам добро, благодарам на сите за пораките и повиците“, напиша таа на Фејсбук.

Инаку, и претходно сличен проблем имаше Алиса Карлсон Шварц, но на друга телевизија. Во 2014 година и’ се слоши за време на шоуто, а подоцна беше откриено дека има проблеми со срцевите залистоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.