четврток, 12 ноември 2026
Најново

Водостоите на реките се стабилни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Центарот за управување со кризи информира дека според известувањата од сите регионални центри, состојбата со водостоите на реките на територијата на Македонија до 13 часот денеска е стабилна.

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а нивото на реката Пчиња е во опаѓање. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, иако водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата. Во Битола и Ресен нема нови излевања, реките се во своите корита, а теренските екипи продолжуваат со расчистување на мостови и пропусти.

Во Скопје, Струмица, Штип, Велес, Тетово и северозападниот регион состојбата е стабилна, без излевање на реките, а ситните одрони се отстрануваат од страна на надлежните служби.

Поврзани вести