Воздухот во Македонија најзагаден во цела Европа

Европа се соочува со „тешка криза во јавното здравје“, при што речиси сите на континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот, се наведува во анализата на Гардијан.

Воздухот во Македонија најзагаден во цела Европа

Анализата на податоците собрани со помош на најсовремената методологија – вклучувајќи детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 копнени станици за мониторинг – открива страшна слика за загадениот воздух, при што 98 отсто од луѓето живеат во области со високо штетно загадување со ситни честички што ги надминуваат стандардите поставени од Светската здравствена организација. Речиси две третини живеат во области каде што квалитетот на воздухот е повеќе од двојно над одзволеното ниво согласно СЗО.

Најпогодена земја во Европа е Македонија. Речиси две третини од луѓето во земјата живеат во области со повеќе од четири пати повеќе од насоките на СЗО за PM2.5, додека во четири области е откриено дека имаат загаденоста на воздухот е речиси шест пати поголема од препораките, вклучително и во главниот град, Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.