Воздушно струење ќе донесе песок и прашина од Сахара

Во текот на следната седмица нашата територија, како и поголем дел од европскиот континент ќе бидат под влијание на силно југозападно воздушно струење кое од Сахара кон Европа ќе донесе песок и прашина. И покрај ова атмосферата нема да биде во целост стабилна, па ќе има услови и за локално дестабилизирање и врнежи и кои ќе започнат ноќта понеделник кон вторник, но ќе продолжат и во вторник.
Услови за локален, слаб и краткотраен дожд ќе има и за време на викендов, но ќе има и подолги сончеви периоди.
Некаде од средината на наредната седмица ќе има и позначителен пораст на температурите на воздухот. Тие речиси насекаде ќе се искачат и над 20-от степен, а во најтоплите предели од земјава ќе достигнат и над 25 степени. Сето ова, секако, ќе биде проследено со ветер од јужен и од југоисточен правец чиј интензитет повремено ќе се засилува.
Ваквата временска состојба ќе услови значително неповолни биометеоролошки услови, па кај поголем број граѓани можни се мачнини и појава на здравствени проблеми, особено кај метеопатите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.