Возилата на ЕУФОР денеска се на улиците во Бања Лука, неколку од нив се забележани во населбата Нова Варош.
ЕУФОР најави дека се работи за рутински вежби дење и ноќе, при сите временски услови.
„Овие вежби вклучуваат слетување, медицинска евакуација и транспортни вежби. Жителите на Босна и Херцеговина може да забележат зголемена хеликоптерска активност, бидејќи летовите се одвиваат низ целата земја. Со овие вежби, пилотите на ЕУФОР обезбедуваат целосна подготвеност да им помогнат на граѓаните на Босна и Херцеговина во итни ситуации, дури и во најекстремни и предизвикувачки услови“, се вели во соопштението.
Заменик министерот за одбрана во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Александар Гогановиќ, претходно денеска изјави дека разговарал со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор на вооружените сили на Република Романија, Флорин-Маријан Барбу.
Соговорниците се согласија дека во БиХ нема сериозни безбедносни предизвици и дека има потреба од почеста и интензивна размена на мислења.



