15-годишно девојче среде Скопје брутално претепано од соученички, заврши со тешки повреди!

Трауматичен и вознемирувачки настан се случил среде бел ден вчера во центарот на Скопје во близина на грчкиот конзулат. Петнаесетгодишно девојче од скопска гимназија во Центар, брутално е претепано од две девојчиња, од кои едното и е соученичка и претседателка на класот.

Девојчето се здобило со хематом на окото, набиеници на вратот и десната плешка, хематом на главата, повреди на колената и тешки трауми. По бруталното претепување таа сама дошла до гимназијата во центарот на градот, но поради исцрпеноста колабирала пред обезбедувањето по што биле викнати нејзините родители.

Снимката ја направила толпа ученици кои или набљудувале или се потсмевале со овој сериозен настан. Девојчињата што ја претепале ја навредувале со погрдни зборови. Случајот е пријавен во полициската станица Беко и кај Јавен обвинител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.