Волците се симнаа до тетовските села: Нападнато стадо од 100-тина овци

Жител на селото Вејце, тетовско останал без своите околу 100 овци откако ноќта помеѓу неделата и понеделникот, најверојатно волци го нападнале стадото. Тој за случајот го известил Секторот за внатрешни работи во Тетово.
-Во СВР Тетово, Џ.Џ.(52) од тетовското село Вејце пријавил дека во периодот помеѓу 28 и 29 септември во атарот на селото Бозовце, дивеч, најверојатно волци му усмртиле 40 овци. Од останатите, 15 биле повредени, а 40 избегале и воопшто не се вратиле во неговото стадо. Извршен бил увид, соопшти денес  тетовската полиција.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.