Познатиот готвач Гордон Ремзи одлучил своето богатство да не им го остави на своите деца, а како што се наведува, тие имаат голем број правила кои мора да ги почитуваат додека се малолетни.
Овој британски готвач не е строг само кога се во прашање емисиите што ги води. Тој исто така има правила што неговите деца мора да ги следат. Имено, Ремзи не планира да им го препушти богатството на своите деца и смета дека тие мора сами да управуваат со својот живот.
-Дефинитивно не оди за нив, и не на злонамерен начин, туку за да не ги расипам. Единственото нешто што се договорив со Тан е да добијат 25 отсто од депозитот на станот, но не и целата сума, рече готвачот уште во 2017 година.
Во медиумите тој ги објасни строгите правила кои мора да ги почитуваат неговите деца, па на списокот може да се најдат некои неочекувани правила, како на пример користење само економска класа, додека тој и неговата сопруга патуваат во прва класа.
Освен што не им даваат голем џепарлак, децата треба да штедат за облека и сами да си ги плаќаат сметките за телефон и автобуски билети. За воопшто да дојдат до џепарлак, треба да ги заработат помагајќи во домашните работи.
Ремзи, кој е познат по своите вулгарности, им забранува на своите деца да пцујат и им го ограничува пристапот до технологијата. Правило што не изненадува е дека тој им го забранува вегетаријанството на своите деца.
Овој педесет и шестгодишен маж и неговата сопруга Тан имаат заедно пет деца: ќерката Меган, близнаците Џек и Холи, ќерката Матилда и синот Оскар.