Војна во Украина: Ќе ги запре ли Русија испораките на гас?

Додека Западот најавува натамошни санкции за Русија поради инвазијата на Украина, властите во Москва се заканија дека ќе го прекинат снабдувањето со природен гас преку гасоводот Северен тек 1 што води кон Германија.
Преку гасоводот Северен тек 1 веќе 10 години, Германија и Европа се снабдуваат со руски природен гас
Преку гасоводот Северен тек 1 веќе 10 години, Германија и Европа се снабдуваат со руски природен гас
Русија предупреди дека би можела да го затвори главниот гасовод кон Германија- Северен тек 1- доколку Западот продолжи да ѝ воведува санкции и да го забрани увозот на руска нафта.
Рускиот заменик премиер, Александар Новак, изјави дека таквиот чекор би довел до катастрофални последици по глобалното снабдување со нафта и оти би довело до скок на цената на 300 долари по барел нафта.

САД разгледуваат потенцијална забрана за увоз на нафта од Русија поради нејзината инвазија на Украина, но Германија и Холандија го отфрлија овој план. „Овие разговори и натаму се во тек како интерно, така и со нашите колеги и партнери во Европа и ширум светот“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

ЕУ добива околу 40 отсто гас и 30 насто нафта од Русија и нема начин лесно да овозможи замена за овие енергенси.
Гасоводот Северен тек 1 е важен дел од снабдувањето со гас на Германија и Европа веќе една деценија. Гасоводот минува од Русија преку Балтичкото Море до германската покраина Мекленбург- Предна Померанија.
Претседателот Бајден на видео-конференција со лидерите на Германија, Велика Британија и Франција, Шолц, Макрон и Џонсон
Претседателот Бајден на видео-конференција со лидерите на Германија, Велика Британија и Франција, Шолц, Макрон и Џонсон
„Понатамошно зголемување на трошоците за Русија“
Западните држави, во меѓувреме, планираат дополнителни санкции против Русија: „Шефовите на држави и влади ја потврдија својата решеност дополнително да ги зголемат трошоците за Русија за неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Украина“, соопшти американската влада по видео-конференцијата на претседателот Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф. Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон.
САД, Германија, Франција и Британија повторно ја повикаа Русија да ги запре нападите на Украина и „целосно да ги повлече своите трупи“. Четворицата лидери на видео-конференцијата се согласиле дека заштитата на цивилното население мора да има „главен приоритет“ и оти од Русија се бара „веднаш да го запре својот незаконски напад на Украина и во целост да ги повлече трупите“, изјави портпаролот на германската влада, Штефен Хебештрајт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.